Клинички испраќа во пензија лекари и медицинари, тие се противат 

Клинички испраќа во пензија лекари и медицинари, тие се противат

На околу 80-тина лекари и медицински персонал не им е продолжено законското право за работа до 67-годишна возраст во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Иако потпишале согласност да продолжат со работа и по 64 години, според член 104 од Законот за работни односи, дел од нив утре ќе го имаат последниот работен ден, односно од 1 јули заминуваат во пензија.

Од Синдикатот на Клинички обвинуваат дека некои директори на клиниките направиле селективни списоци, а се праќаат во пензија кадри и покрај тоа што има недостиг од медицински кадар.

Измените во Законот за работни односи беа направени пред една година во лекарската сфера, за да може да се работи до 67 години. Ова ќе доведе до уште поголем недостиг на персонал, ќе страдаат пациентите и ќе има долги чекања.

Синдикатот се повикува и на членот 204-а од Законот за здравствена заштита во кој се вели дека одлуките на директорите за продолжување на работниот однос на здравствените работници ги одобрува Министерството за здравство. Затоа синдикалците најавуваат тужби против Клиничкиот центар и Министерството за повреда на правото и за принудно пензионирање./Alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons