Калуѓерка изградила хидроелектрана за да произведува бесплатна струја за својот град

Калуѓерката Алфонсина Сиза поминува голем дел од времето управувајќи со малата хидроелектрана што ја изградила за да обезбеди електрична енергија во нејзиниот град Мити во Демократска Република Конго. 

Ѝ помагаат други калуѓерки и инженери, а хидроелектраната користи вода од резервоар за да произведе бесплатна струја за манастир, црква, две училишта и клиника. Без хидроелектраната, имало доволно струја само за неколку часа, два или три дена во неделата. 

Жителите на Конго редовно се соочуваат со проблеми со електричната енергија. Државата произведува голем дел од струјата од стар систем на хидроелектрани. Биле донирани средства и започнати проекти за подобрување на системот за снабдување со струја, но, сепак, само 20 отсто од населението на Конго денес имаат пристап до електрична енергија. 

Сиза, која има 55 години, била уморна од користењето скапи генератори и свеќи и во 2015 година почнала да собира пари за изградба на хидроелектрана. Таа претходно сама научила да ја поправа електриката во манастирот и студирала механика. 

Сиза собрала 297.000 долари за три години и ја изградила хидроелектраната. Благодарение на нејзината иницијатива, учениците од средното училиште во градот сега учат компјутерски вештини од екрани наместо од книги. Претходно во градот имало струја само ноќе, кога учениците не биле на училиште. 

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Reuters/Youtube (printscreen)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons