Какво време се очекува во следните десетина дена?

Во Македонија и понатаму продолжува натпросечно топлото време преку ден, но наутро ќе биде доста свежо со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата тие ќе се спуштат до околу 2-3 степени над нулата.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

„Времето ќе биде сончево со мала до умерена, повремено и локално и позначителна облачност. Во недела во најголем дел од државава ќе дува засилен ветер од северен правец, додека во понеделник ќе има краткотраен пад на температурата за 5 до 8 степени и тогаш максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 14 до 22 степени, потоа следува нов пораст на максималната температура (Мини лето)“, вели метеорологот Славчо Попоски. Според долгорочните анализи на времето ни следува многу студена зима со многу снег.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons