Актуелно

И по две години на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите. Интересен е и податокот дека лидерите на новата политичка партија Влен се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ.

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5%, за Влен 4,4%, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто.

Ако се издвојат рејтинзите на партиите кај определените испитаници (497 од 1.200), соодносот на предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е речиси еднаков. Рејтингот на Влен брзо се приближува до популарноста на ДУИ меѓу гласачите Албанци во Македонија.

И кај лидерите на политичките партии последниве години убедлива е предноста на Христијан Мицкоски во однос на останатите. Изет Меџити и Билал Касами како претседатели на Влен имаат поголем рејтинг од Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

И оваа анкета покажа дека платите, пензиите, невработеноста и растот на цените се најголемиот проблем со кој се соочуваат македонските граѓани, но на второто место е повторно криминалот и корупцијата. Еве ги одговорите на испитаниците за тоа колку се задоволни од работата на новиот јавен обвинител и на Јавното обвинителство.

Недовербата во правосудството воопшто и натаму останува еден од главните проблеми со кој се соочува Македонија.

Дека македонските граѓани се цврсто посветени на евроинтегративните процеси, покажува и позитивниот одговор на прашањето за можен влез на Македонија во ЕУ прифаќајќи го и модусот за кој веќе се разговара, а тоа е членство без право на вето. Дури 80,3 отсто од испитаниците би го прифатиле и ваквото членство.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons