И покрај хаосот со продажбата билети за Англија: Север и Југ веќе се – распродадени! 

Без разлика на револтот и големите редови на сите продажни места низ државата, билетите за претстојниот дуел на фудбалската репрезентација на Македонија против Англија се веќе распродадени, барем местата на двете централни трибини на арената „Тодор Проески“.

Фудбалските вљубеници кои не можеа вчера да застанат во колоните за купување влезници, денеска останаа разочарани. На продажните места ги информираа дека повеќе нема билети за Север и за Југ, додека се останати само места на западната трибина. Ова значи дека веќе се продадени околу 20.000 билети за гостувањето на ѕвездите од Островот, но и дека трибините на скопската арена ќе бидат до крај исполнети за оваа пресметка.

Македонија месецов ќе ги одигра последните мечеви од квалификациите за ЕП 2024 и тоа в петок на гости кај Италија на „Олимпико“ во Рим, како и против Англија следниот понеделник (20 ноември) на домашен терен. Нашите момци се четврти на табелата со седум бодови, три помалку од „аѕурите“ додека Англија е убедливо прва со 16 бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons