И на почетокот на годинава скапотијата удира по џебот на граѓаните
Граѓаните се жалат на постојаното поскапување на прехранбените производи. Велат дека во однос на приходите, цените се превисоки и тоа ги принудува да го кратат списокот за пазарење и да не се хранат добро. Ја повикуваат власта да размислува за обичниот граѓанин, бидејќи според нив, раст на приходите имаат само носителите на јавни функции.
„Скапо е, пензиите се ниски, многу е скапо. Што да правиме, малку по малку да излеземе на крај“, рече еден граѓанин.
Владата во повеќе наврати преземаше мерки за ублажување на кризата, но граѓаните велат дека тие речиси и да не влијаеле на нивниот буџет и не го дале потребниот ефект, затоа што парите оделе на други поскапи услуги./Алсат.мк