Непознат возач удрил во возила на бугарската амбасада

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека синоќа на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Бугарија, удрил во бандерите за улично осветлување, а потоа и во две паркирани патнички возила „мерцедес” и „бмв”, кои биле во сопственост на Амбасадата.

Возачот кој ги оштетил автомобилите потоа го напуштил местото на незгодата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons