Актуелно

Италија, Грција, Малта и Кипар: Премногу мигранти остануваат кај нас, системот не е фер 

Италија, Грција, Малта и Кипар го осудија системот за управување со миграција во Европската унија, според кој тие носат несразмерен товар, па побараа помош од Европската комисија.

Тие четири земји „се првото тло на Европската унија во која (мигрантите) влегуваат и тие мора да го понесат најтешкиот товар од мигрантскиот прилив во Медитеранот, во согласност со меѓународните обврски и прописите на Европската унија“, велат министрите за внатрешни работи на Италија, Малта, Кипар и грчкиот министер за миграција во заедничка декларација објавена во саботата во Рим.

Тие потсетуваат на ангажманот на Европската унија од јуни во Луксембург за воведување „доброволен механизам на солидарност“, кој треба да овозможи трансфер и преселување на 10.000 луѓе секоја година во други земји-членки на ЕУ од земјите во кои влегле.

Резултатот од спроведувањето на овој ангажман е „разочарувачки“, сметаат четирите медитерански земји. „Механизмот е бавен“, а бројката од 10.000 преселби не е остварена и „е само мал дел од илегалните пристигнувања на мигранти во текот на годината“.

Овие четири земји, кои поради својата географска положба се први на удар од мигрантскиот прилив, со години бараат да се воведе систем за задолжителен трансфер и преселување на мигрантите.

Во очекување на нов договор за управување со миграцијата „кој би бил ефикасен, праведен и траен“, четворицата министри повикуваат на „итна и неопходна дебата за тоа како подобро да се координираат операциите за спасување на Медитеранот“, така што бродовите на невладините организации што спасуваат мигранти ќе ги почитуваат прописите.

Државите под чие знаме пловат бродовите на невладините организации кои спасуваат мигранти затоа треба да преземат целосна одговорност за нив, велат тие. Изјавата уследи по спорот меѓу Италија и Франција, кој кулминираше во петокот кога брод со 230 мигранти се закотви во француското пристаниште Тулон, откако Италија одби да му дозволи да се закотви.

„Ја повикуваме Европската комисија и претседателството да ги донесат неопходните мерки за оваа дебата“, се наведува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons