Ти Џеј Шортс е херојот на Македонија, по голема драма ја победивме Данска 

Во натпревар со едно продолжение Македонија со 74-71 ја победи Данска, убедливо најдобар на теренот беше нашиот нов Американец, Ти Џеј Шортс кој постигна фантастични 33 поени. 

Македонската кошаркарска репрезентација успеа да ја забележи четвртата победа во четвртиот меч од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025.  Ти Џеј Шортс е кошаркарот кој ја направи разликата на теренот. Тој само два меча е македонски репрезентативец, а веќе стана клучен играч за Македонија. Данска постојано имаше водство во регуларниот дел од натпреварот, но во една драматична завршница успеавме да дојдеме до 64-64 и да го однесеме натпреварот во продолженија. Во дополнителните пет минути подобро се снајдовме, Шорц беше незапирлив за противникот, постигнавме десет поени во продолжението, Данска реализираше седум и на крајот славевме со 74-71. Македонија проблемите во нападот кои ги имаше на овој меч, а ги имаше, ги решаваше со доавање на топката до Ти Џеј Шортс кој сам го наоѓаше патот до кошот. Тој мечот го заврши со 33 поени, втор најдобар стрелец беше Стојан Ѓуроски со 11 поени, двоцифрен беше и Војдан Стојановски со 10, Магдевски реализираше девет. Во составот на Данска, Адама Дарбо постигна 21 поен, Јукиќ реализираше 13. Во вториот натпревар од нашата група Словачка победи на гостувањето кај Норвешка со 75-65. По четири одиграни натпревари Македонија е прва со осум бодови, Норвешка и Словачка имаат по шест, Данска има четири.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons