Исечени цевките за медицински гас во струшка Нефрологија, полицијата го бара сторителот 

Исечени се цевките од централниот довод на медицински гас до салата за операции во државната Специјализирана болница за нефрологија во Струга. Случајот го пријавил лекар анестезиолог, а полицијата го бара непознатото лице кои цевките ги исекло насилно со тврд предмет. Колкава е штетата и колкав бил можниот ризик по пациентите и вработените засега не е соопштено.

Во информацијата во рамки на дневниот билтен на МВР се вели дека вчера утрото лекар анестезиолог од  Специјализирана болница за нефрологија во Струга, пријавил дека поладнето претходниот ден „непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот“.

Од МВР велат дека бил извршен увид од увидна екипа на Полициската станица Струга и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во информацијагта се вели дека сторителот е засега непознат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons