Свет

Калас: Стравувам дека еден ден ќе заклучиме дека не сме направиле доволно

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија Каја Калас изрази загриженост во врска со можното учество на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) во владата на сојузната покраина Саксонија-Анхалт, јавуваат германските медиуми.

„Сведоци сме на нападот во Лајпциг, саботажи низ цела Европа и влошување на безбедносната состојба. Во исто време, партијата која ја игнорира оваа опасност и тврди дека ништо не треба да се прави бидејќи тоа не е наша работа, го зајакнува своето влијание“, кажа Калас на прес-конференција во Вилнус.

Таа изјави дека поради оваа тенденција, се плаши за одбранбената ефикасност на Европа. „Се плашам дека еден ден ќе заклучиме дека не сме направиле доволно за да ги потиснеме заканите и соодветно да се одбраниме“, кажа Калас по средбата со литванскиот премиер Миндаугас Синкевичиус.

На крајот таа заклучи дека тоа е прашање на германскиот народ и германската држава, кои, како демократија, донесуваат свои одлуки. Калас го нарече „загрижувачки“ успехот на АфД, која оствари убедлива победа на парламентарните избори во неделата во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons