ИНФЕКТОЛОГОТ РОГАНОВИЌ СО СОВЕТ ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ НА ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ: Како да се заштитат од мајмунските сипаници 

Мајмунските сипаници се тема која ја окупира јавноста последните денови, а граѓаните кои имаат намера да патуваат на далечни дестинации се во дилема како да постапат за да се заштитат.

Со оглед на тоа дека ни претстои летната сезона, д-р Татјана Рогановиќ, инфектолог во Клиничкиот центар на Србија им препорачува на граѓаните кои имаат намера да патуваат да преземат превентивни мерки, како на пример за време на короната – редовно миење на рацете и дезинфекција.

– Секогаш советуваме да се води сметка за основните хигиенски и превентивни мерки и многу добро знаеме дека при патување во одредена земја потребно е да се знае какви болести постојат таму и соодветно да се спроведат одредени превентивни мерки – рече д-р Рогановиќ.

-Некогаш се доволни само мерки за лична хигиена, а понекогаш има хемопрофилакса. На пример, кога патуваме во земји каде што има маларија, користиме профилакса против таа болест или слично, за да се подготвиме за неа – рече таа и додаде дека кога станува збор за мајмунски сипаници, тоа особено се однесува на африканските и европските земји каде што има потврдени случаи..

– Она што би било совет за превенција за населението, е да се избегнува контакт со луѓе кои потенцијално би можеле да заболат од оваа болест, со животни кои потенцијално би можеле да ја пренесат оваа болест, како и со предмети кои би можеле да бидат потенцијално заразени со овој вирус и да се донесат соодветни хигиенски мерки, односно пред се миење раце – истакна д-р Рогановиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons