Иницијативата за референдум како неуредна ќе биде отфрлена, дознава Сител 

До претседателот на Собранието, без да се употреби уставното име на функцијата на Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Тоа можеби ќе биде формалната причина иницијативата за организирање референдум на ВМРО-ДПМНЕ да не го помине собранискиот филтер, дознава телевизијата Сител повикувајќи се на пратеници од владејачкото мнозинство кои ја виделе иницијативата. Од друга страна пак, во петокот пратеникот Никола Мицевски на новинарите им рече дека иницијативата е поднесена до Собранието на Република Северна Македонија. Доволно за дилеми и неизвесност пред да се врати собранискиот спикер Тал

Иницијативата во петокот во Собранието ја поднесе координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Според роковите, како што денеска објасни и поранешнот претседател на парламентот Трајко Вељаноски, до Џафери ќе треба да биде доставена најдоцна до вторник на полноќ. Според Вељаноски, иницијативата е чиста како солза и нема ниту една причина да не го помине собранискиот филтер.

Но, од друга страна, наспроти најновата дилема за формалната адреса на иницијативата до собранискиот спикер, токму Мицевски во петокот, кога даваше изјава, на прашање на новинарите да каже како ја адресирале иницијативата, категорично рече:

„До Собранието на Република Северна Македонија“.

Претходно, тој објасни дека во текстот на иницијативата е наведено референдумското прашање во кое се цитира Закон за ратификација на Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, потенцирајќи дека тоа секако не може да биде пречка бидејќи под тоа име во 2018 година беше донесен законот и дека под тоа име е објавен во Службен весник.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons