ИМАШЕ САМО 37 ГОДИНИ, Ѝ СЕ СЛОШИЛО НА РАБОТА: Ненадејно почина политичарката Весна Лончар
На 37-годишна возраст денеска ненадејно почина Весна Лончар, член на Главниот одбор на Демократска Црна Гора и пратеник во Парламентот на Плевља.
Лончар почина во болницата во Плевља неколку часа откако ѝ се слоши на работното место во термоелектраната Плевља.
Весна Лончар е родена на 17 октомври 1985 година во Плевља. Таа по професија е правник.
Од 2018 година е советник на Демократска Црна Гора во Собранието на општина Плевља. Таа е член на Главниот одбор и потпретседател на Општинскиот одбор на Демократ Плевља.
По повод смртта на Весна Лончар, во петок во девет часот ќе се одржи комеморативна седница на Општинското собрание.