ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ СНИМКА КАЈ БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА: Ова е тунелот на Хамас, за ова зборуваме со недели 

Израелската војска вечерва одржа прес-конференција на која го обвини Хамас за криење и убиство на заложници во болницата Шифа во Газа.

Портпаролот на ИД Даниел Хагари рече дека Хамас извршил воени злосторства во болниците.

„Хамас ги криеше и уби нашите заложници во болницата Шифа. Хамас изгради терористички тунели под болницата Шифа“, рече тој.

Хагари вели дека заложникот, земен на 7 октомври, бил задржан во градот Газа во близина на болницата Ал-Шифа и дека бил повреден за време на тепачката, но не би во жвотнозагрозувачка состојба. Тој додаде дека Хамас ги однел заложниците во болница и ги убил.

Потоа Хагари покажа видео на кое се гледа, како што тврди, како Хамас зема двајца заложници, двајцата странски државјани, во болницата Ал Шифа.

„Не знаеме каде се“, рече Хагари. Потоа беше прикажана слика, како што рече, од израелски воен џип што Хамас го возеше во околината на болницата по нападот на 7 октомври.

„Болницата беше користена како терористичка база“, рече тој.

Израелската армија објави видео на Х, за кое тврди дека покажува тунел на Хамас долг 55 метри кој се наоѓа на длабочина од 10 метри под болницата Шифа.

На видеото се гледа дупка, односно длабоко скалило на приземје, меѓу урнатините на болничкиот комплекс.

„Овој тип на врати терористичката организација Хамас ги користи за да ги спречи израелските сили да влезат во командните центри и подземните средства што му припаѓаат на Хамас“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Влезот во тунелот содржи одбранбени механизми, како што се врата отпорна на експлозија и отвор за испалување“, додаваат тие.

„Окното до тунелот е откриено до возило со РПГ, експлозиви и пушки“, соопшти ИД.

Израелските сили со недели тврдат дека Хамас има команден и контролен центар под Ал-Шифа, наводи кои групата и медицинскиот персонал во болницата ги негираат.

https://x.com/IDF/status/1726284807351472556?s=20

https://x.com/IDF/status/1726284807351472556?s=20

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons