Измени во Законот за Академија за судии и обвинители

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со предлагањето измени во Законот за Академија за судии и обвинители и со воведувањето можност за писмено тестирање, Владата има за цел да го наполни овој сектор со партиски кадри. Пратеникот Антонио Милошоски во Комисијата за европски прашања каде законот денеска доби зелено светло, рече дека со злоупотребата на европското знаме во предлогот се отстранува електронското тестирање и се заменува со можноста за писмено. Ќе бидат тестирани околу 300 кандидати и од нив треба да се изберат 130.

„Три од четири испити поминаа со актуелниот закон. Испитот по англиски јазик, психологија и интегритет е направен според овој закон, а четвртиот испит не успеа поради недостиг на софтвер. Вие се трудите да манипулирате дека има одделенија во некои универзитети и тука можат да го направат бидејќи има простор ако се работи за простор, но се работи за софтвер. Ако сакате да исклучите список на луѓе кои вие ги предложивте, се однесувате како комунисти, правете список со имиња 1, 2, 3, 4, 5 луѓе на кои им е забрането да конкурираат во академијата“, рече Кренар Лога, министер за правда.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons