Излезноста до 13 часот во Центар Жупа 25,4 отсто, во Маврово-Ростуше 24,21 отсто
Државната изборна комисија информира дека излезноста до 13 часот во општина Маврово-Ростуше е 24,21 процент, а во општина Центар Жупа 25,4 проценти. Во овие две општини денеска се избира градоначалник. Во општина Тетово каде се гласа за членови во Советот, излезноста е 14,1 процент.
Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово,7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше.
Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.