Изгоре фабрика за канабис во Кавадарци, гасеа 10 противпожарни возила 

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави фотографии од пожар кој денеска зафати фабрика за одгледување на канабис за медицински цели во тиквешкото село Дебриште.

Јанчев информира дека пожарот е ставен под гонтрола и дека изгорен е само дел од депото на фабриката.

„ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. 

Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот“, информира градоначалникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons