Извештајот на експертот за автопатот Кичево-Охрид готов за седум до десет дена 

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска како одговор на новинарско прашање, рече дека извештајот на експертот за Фидик договори ќе биде предаден во Владата за седум до десет дена, по што ќе се знае како ќе продолжи доградбата на автопатот Кичево – Охрид.

Минатиот месец Министерството за транспорт и врски објави дека Јавното претпријатие за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево-Охрид.

– Она што го најавивме пред неколку недели, тоа е дека од страна на Фидик експерт ќе биде изготвен извештај, кој ќе биде доставен до ЈПДП и заедно ќе го приложиме до Владата. Во наредните седум до десет дена очекувам да биде завршен тој извештај и потоа да биде предаден на разгледување на седница на Влада, по што ќе имаме појасна слика во однос на идните чекори, рече Бочварски.

Министерот уверуваше дека изградбата нема да запре, туку дека извешптајот само ќе го даде одговорот на кој начин најбзо ќе се реализира договорот.

Актуелниот рок за изградба на делницата истекува на 31 декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons