Свет

Иако Русите негираа, Украинците потврдија дека има загинати цивили, меѓу кои и деца во Чернихив 

Во руското гранатирање на градот Чернихив загинаа 5 лица, меѓу кои 3 деца. 

Руските сили гранатираа станбена зграда, пренесува АФП. Вработените во Брзата помош извлекоа пет тела од под урнатините на катна зграда, објави украинското Министерство за вонредни ситуации.

Претставници на одбраната објавија фотографија од зградата со скршени прозорци. 

Украинските обвинители денеска соопштија дека 10 луѓе се убиени во Чернихив додека чекале ред за леб.Русија ги негираше ваквите тврдења, и обвинија за пропаганда. 

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека од почетокот на конфликтот се убиени 103 деца и дека повеќе од сто болници се оштетени или уништени.

фото Принтскрин

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons