Зошто терористите од Хамас избегнувале да користат мобилни и компјутери? 

Хамас планирала напади врз Израел, со комуникација преку мрежа на жичени телефони вградени во подземните тунели во Појасот Газа во период од две години.

Телефонските линии во тунелите им дозволувале на оперативците тајно да комуницираат меѓу себе, а израелските разузнавачи не можеле да го следат, тврдат два извори на кои се повикува Си-ен-ен.

Мала ќелија, која оперирала во тунелите, ги користела тие телефонски линии за да ја планира операцијата, но ја држела во тајност додека не дојде време да се активира и да повика стотици борци на Хамас да ги извршат нападите на 7 октомври.

Тие избегнувале да користат компјутери и мобилни телефони за да избегнат откривање од израелските или американските разузнавачи.

Хамас го криел своето планирање на операцијата користејќи стари контраразузнавачки методи и се обидувал да не користи дигитални комуникации што би можеле да ги следат Израелците.

Екстремисти на Хамас влегоа на јужната израелска територија преку пробиена гранична ограда и убија најмалку 1.400 луѓе, најголем дел цивили.

Израел се согласи засега да го одложи почетокот на копнената инвазија на Појасот Газа, за да може САД да ги распоредат своите системи за противвоздушна одбрана на Блискиот Исток, објави Wall Street Journal.

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека голем копнен напад на Газа би бил грешка. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons