Зеленски: Унгарија и Германија го блокираат нафтеното ембарго за Русија 

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги обвини денес Германија и Унгарија дека ги блокираат напорите на Европската Унија за воведување на ембарго на увозот на руските енергенси, од што Русија годинава, како што се наведува, може да заработи над 300 милијарди долари.

„Некои наши пријатели и партнери разбираат дека дојде поинакво време, дека повеќе не е прашање на бизнис и пари. Ова е прашање на опстанок“, кажа Зеленски.

Тој ги повтори барањата на Киев што повеќе оружје да ѝ се достави на Украина, кажувајќи дека Украинската војска не добива доволно брзо оружје за да го одбие рускиот напад.

„САД, Британија и некои земји од ЕУ се обидуваат да ни помогнат и ни помагаат. Но помошта ни е потребна што побрзо. Клучниот збор е сега“, порача Зеленски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons