Вучиќ за четврток најави одлука за испраќање српска војска на Косово

„Владината седница е во четврток и како што стојат работите, Владата ќе донесе одлука за испраќање писмо до командантот на КФОР“, рече Вучиќ.

Барикадите на северот на Косово денеска не беа отстранети и покрај барањата на амбасадите на САД и Велика Британија во Белград и Приштина и повторениот повик на ЕУ двете страни да ги намалат последните тензии.

За „опасниот пораст на тензиите во Косово“ денеска разговараат и министрите за надворешни работи на Унијата. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите пред средбата, истакнувајќи дека барикадите на Косово и нападот врз членките на ЕУЛЕКС се неприфатливи и дека двете страни мора да се вратат на дијалогот.

Трет ден колоните камиони и тешки возила продолжуваат да стојат како препреки на неколку главни патишта во северно Косово, што водат до двата гранични премини со Србија, кои и двата остануваат затворени за сообраќај, но и за пешаци, поради протестите од страна на локалните Срби кои бараат ослободување на поранешниот полицаец, кој беше уапсен од косовската полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons