За францускиот предлог пратениците ќе расправаат в четврток во 13 часот 

Пленарна седница на Собранието со една точка на дневниот ред, Информација од Владата на РС Македонија за францускиот предлог за европските интеграции ќе се одржи в четврток, 14 јули, во 13 часот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека бараат ати информацијата што ја испрати Владата да се врати како нецелосен материјал и да не се нарушува дигнитетот на Собранието со еден ваков документ. „Листот хартија што Владата го нарекува Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за преговори помеѓу Македонија и ЕУ е крајно непочитување на нас пратениците. Не може со еден лист хартија да се дискутира за најважната работа во државата во наредните десетина години. Тоа е класична деградација на интегритетот и интелектот на секој пратеник“.

Тоа не е сторено и за в четврток е закажана седницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons