За пласман на СП 2023 година, РФМ ќе ги награди ракометарите со премија од 50.000 евра 

Македонската ракометна репрезентација е на два меча до пласман на ново Светско првенство. На патот на Кирил Лазаров и останатите ракометари стои добро познатиот противник – селекцијата на Чешка.

Првиот меч се игра на 13. април во Злин, додека реваншот е закажан за четири дена подоцона во Скопје. Подобриот од овој бараж ќе завери билет за Мундијалот кој во 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска.

За пласман на Светското првенство, РФМ ќе им додели на ракометарите премии од 50.000 евра. Оваа одлука е донесена и потврдена.

За постетување билетите за мечот во Скопје (17.04) од денеска се пуштени во продажба, истите се продаваат по цена од 100 денари.

sportmedia.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons