ДЗС измери високи 18,7 проценти инфлација 

Трошоците на животот во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, се зголемиле за 18,7 отсто, додека цените на мало бележат зголемување од 14,7 проценти. 

Како што објави Државниот завод за статистика, раст на цените во септември во споредба со август има кај сирењето и урдата за 9,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 6,3 проценти, млекото за 5,7 отсто, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 3,1 отсто, пивото за 2,9, лебот и житата за 2,6, месото за 2,2, виното за 1,6, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7, жестоките пијалаци за 0,6 и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за домаќинствата за 15,2 отсто, велосипедите за 9,1 процент, мебелот и покуќнината за 6,9, фризерските салони и центрите за разубавување за 6,1, малите алатки и останатите додатоци за 6,0, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 5,9, теписите и другите подни покривки за 5,4, поправката на апаратите за домаќинствата за 4,2, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 3,9, течните горива за домаќинствата за 3,7, медицинските услуги за 3,3 отсто…

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons