За една година Македонија ја посетиле 30 отсто повеќе туристи, скоро половина се странци 

Во јуни годинава земјава ја посетиле вкупно 110.319 туристи, од кои 23,5 отсто биле домашни, а 76,5 отсто странски туристи. Тие оствариле вкупно 225.092 ноќевањата при што 30,6  отсто од ноќевањата ги направиле домашните, а 69,4 отсто странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30,1  отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 18,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските има зголемување за 32,9 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons