За ДСЗИ нема пропусти ниту за мртвото новороденче во Битола 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирале пропусти ниту во случајот со мртвороденото бебе при вонредниот надзор во Битолската Клиничка болница. Претходното, родилката Викторија Крстевска и натаму вели дека нема да се откаже од намерата да ја истера правдата до крај.

Од инспекторатот за Сител потврдија дека во рамките на нивните надлежности медицинскиот кадар постапил како што треба со 21 годишната родилка која била породена со мртов плод во 36-тата недела.

Сепак, ниту инспекторатот, министерството за здравство не го објавува извештајот, тврди телевизијата. Од ДСЗИ велат дека го доставиле до кабинетот на министерот зошто тие го инцирале надзорот и тие требало да ја информираат јавноста, а од таму пак го велат тека тоа треба да го стори инспекторатот.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија не пронајде грешка ниту во врска со лекувањето и третманот на починатото 6-годишно девојче Јана Христовска од село Кравари-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons