За две години во земјава ќе недостасуваат 77 обвинители

За две години во земјава ќе недостасуваат 77 обвинители. Тоа ќе биде една третина помалку од потребните според систематизацијата, тврди првиот човек на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски. Токму поради ова тој бара нов концепт на избор на обвинители барем за акутелниот период за кој недостасуваат. Предлага да се скрати периодот од 2 години обука на Академијата за судии и јавни обвинители за оние кандидати кои работат во оваа сфера.

„Тој период може да се скрати или преку скратување на обуката, ако се донесе таков Закон, бидејќи постоечкиот е таков каков што е или да се избере некој поинаков концепт за прием во Академијата, дали тоа ќе биде од редот на стручни соработници и адвокати со скратена обука, со обука која ќе подразбира само теоретскиот дел, бидјеќи тие практичниот дел и го работат“, изјави  Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обвинители

Ваквиот став на Јолевски следи откако претходно Советот на јавните обвинители и Судскиот совет вината ја префрлија на Академијата која ја обвинија дека долго време не продуцира идни судии и обвинители. Но, директорката на Академијата, тврди дека проблемот бил во претходното раководство во оваа институција. Таа ја најавува дека стартува со обука досега најбројната генерација на идни судии и обвинители.

„…Значи 97 лица се примени и почнуваат со настава од 16 овој месец. Со оглед на тоа дека Европската Унија инсистира да нема скратување на текот на времетраењето на обуката, обуката трае две календарски години, по што ќе имаме повторно нова генереација“, изјави Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академија за судии и јавни обвинители.

Инаку до крајот на оваа или почетокот на 2023 година, од Академијата треба да излезе седмата генерација на кандидати за судии и обвинители. Станува збор за нови 29 обвинители и 30 судии. /Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons