ЗАТРУПАНИ КУЌИ, ПАДНАЛЕ ДРВА ВО ЦЕНТАР: Ветрот прави лом низ цело Скопје (Фото) 

Фактор објави поплаки од граѓани кои испратиле фотографии од хаваријата што се случила заради силниот ветер во скопски Центар.

„Околу десет часот наутро на улицата Антон Панов број 8 и 10, три зимзелени дрвја се срушија од куќата што се наоѓа паралелно со куќите кои се оштетени. Службите што се одговорни за ова не се дојдени да интервенираат, сега е речиси 14 часот. Сообраќајот е во застој, куќите кои се погодени немаат струја, ама затоа надлежните се глуви на пријавеното уште од пред една година.“ велат жителите од оваа улица. 

Како што велат граѓаните, претходно пријавиле во Јавното претпријатие Паркови и зеленило, но не дошле да ги исечат дрвјата. Пријавено е и во ЕВН.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons