Загина пешак на патот Кичево – Охрид 

Вчера попладне околу 19.00 часот било пријавено дека на магистрален  пат Кичево-Охрид, во населбата Горица, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(36) од кичевско Другово, удрило во пешакот Р.Д.(61) од дебарско Магорче, кој потоа починал.

„Од здобиените повреди, Р.Д. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, објави МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons