ЕХФ потврди: Манасков го даде најубавиот гол во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра погодокот на Дејан Манасков против Барселона за најубав гол во сезоната 2025/26 во Лигата на шампионите.
Станува збор за моментот кој ја крена на нозе салата „Боро Чурлевски“ во Битола на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и шпанскиот гигант во групната фаза од елитното натпреварување.
Во завршницата од средбата, голманот Никола Митревски испрати прецизна долга топка кон Манасков. Тој одлично ја исконтролира во скок и ја смести во мрежата со звукот на сирената.
Атрактивната акција и спектакуларната реализација на искусното крило добија најмногу симпатии кај љубителите на ракометот, па ЕХФ токму овој погодок го постави на врвот на листата со најубави голови во сезоната која измина.



