ЕУ ја предупреди Македонија зошто досега не вовела визи за Косово, Турција, Азербејџан…

Македонија од 2021 година не презела мерки за дополнително да ја усогласи визната политика со таа на ЕУ, оцени денеска Европската комисија во извештајот за мониторинг на безвизниот режим. Комисијата забележува дека граѓаните од Азербејџан, Боцвана, Куба, Ел Салвадор, Косово и Турција сѐ уште можат да влегуваат во Македонија без визи.

„Секое отстапување од листата на ЕУ на земји за кои е потребна виза треба да биде избегнато. Северна Македонија мора да обезбеди напредок во усогласувањето на својата политика со европската листа, особено во однос на овие трети земји, кои претставуваат ризик за нелегална миграција или ризик по безбедноста на ЕУ. Тоа ќе биде важна тема во понатамошниот дијалог помеѓу ЕУ и Северна Македонија“, се вели во извештајот.

ЕК најави дека ќе продолжи да ги мониторира и оценува чекорите на Македонија кон усогалсувањето на визната политика со таа на ЕУ, во согласност со членот 8 од Правилникот за визи и механизмот за суспензија на визната либерализација.

ЕК препорачува Македонија да ја усогласи визната политика на Македонија со листата на ЕУ на земји на кои им е потребна виза за влез во Унијата.

За граѓаните на Азербејџан, Боцвана, Куба, Ел Салвадор, Косово и Турција е потребна виза за ЕУ, а се уште имаат слободен влез во Македонија. Секое натамошно отстапување од листата на ЕУ за неопходни визи треба да се избегнува, велат од Брисел.

Вчера македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека од 1 јануари 2023 година Македонија воведе визи за државјаните на Куба и Боцвана.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons