Ескобар: На северот на Косово може да дојде до уште поголема криза

За да се излезе од кризата на северот на Косово, потребно е да се организираат нови избори со учество на Србите, да се исполнат обврските од дијалогот и да се формира Заедница на српски општини, ова го изјави специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во интервју за ХРТ, Ескобар изјави дека високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел и претставникот на дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак презентирале три едноставни чекори за деескалација на северот.

„Првиот чекор е да се отстранат луѓето од улиците. Исто така, не треба да се избираат градоначалници за да се привлече внимание. Ни требаат нови избори со безусловно учество на Србите. Потребен ни е и рок за српското спроведување на обврските, и за нацрт Статутот на ЗСО. Се работи за еднаквост, правичност и придобивки за двете страни“, нагласи Ескобар.

Тој посочи дека може да дојде до уште поголема криза доколку двете страни не го прифатат планот на ЕУ за смирување на конфликтот.

„Во Охрид беше постигнат договор за нормализација, да се создадат мирни услови меѓу соседите според европските правила. Не само што ги нормализираа односите, туку се усогласија и со ЕУ. Мора да се вратиме на тоа“, додаде Ескобар.

Тој нагласи дека договорот создава вистински услови за продлабочување на европските интеграции.

„Во меѓувреме се случија низа дестабилизирачки дејства. Тоа нè оддалечи од спроведувањето на тој договор. Мора да се вратиме на него“, рече Ескобар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons