Енергетската криза го загадува воздухот 

Зголемено аерозагадување во урбаните средини, каде не беше карактеристично во минатите години. Мерните станици во повеќето поголеми градови покажале повисоки нивоа на загадување над дозволеното. 

  • Сметам дека енергетската криза е една од основните причини, бидејќи најголем број од луѓето повторно се враќаат на загадувачките извори за греење. Електричната енергија е доста скапа и повторно се враќаат на согорување на дрва и други материјали кои што не само што се опасни за загадувањето на воздухот, тие се екстремно опасни и за луѓето коишто ги користат- изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД и поранешен раководител на лабораторијата „Амбикон“.

Големо влијание врз амбиенталниот воздух имаат и метеоролошките услови. Годинава е релативно потопла, што значи и помала потрошувачка на енергенси, меѓутоа тоа може бргу да се промени со падот на температурите.

  • Одредени градови, поради климатските моментални состојби се уште се во рамки на дозволеното, но верувам дека ќе имаме полоша година од останатите од аспект на загадувањето, додаде Мираковски

Единствено решение, според Мираковски е промена на начинот и системите на греење.

  • Или преку некои поголеми системи за јавно греење, како што има Скопје, окружни греења, греење за голем број куќи или згради- изјави Мираковски

Географската поставеност и климатските услови помагаат за намалување на аерозагадувањето. Поради ветровитоста, градот Штип ретко кога го надминува дозволеното ниво на загадување, а и кога тоа се случува е во краток интервал, не повеќе од 35 денови во годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons