Емисиите на јаглерод диоксид се зголемуваат, бришејќи го падот за време на пандемијата

Емисиите на јаглерод диоксид и други стакленички гасови паднаа за 4,6 отсто во 2020 година како резултат на „заклучувањета“ во првата половина од годината што ја ограничи глобалната мобилност и ја попречи економската активност. Многумина се надеваа дека ова ќе го означи почетокот на потрајно поместување на емисиите на јаглероден диоксид надолу, сепак, илузиите за кратко се струшени. 

Анализа изработена од соработници на Меѓународниот монетарен фонд, П. Бханумати, Марк де Хан и Џејмс Вилјам Тебраке, покажува оти податоците за испуштањето на јаглероден диоксид во воздухот е значително зголемено, во некои сегменти дури ги надминува и нивоата пред пандемијата. 

– Последните податоци, сепак, ги срушија тие надежи. Како што покажува графиконот на неделата, годишните глобални емисии на стакленички гасови се зголемија за 6,4 отсто минатата година до нов рекорд, засенувајќи го врвот пред пандемијата со обновувањето на глобалната економска активност – наведуваат авторите на анализата.

Емисиите од производствениот и енергетскиот сектор најмногу придонесоа за неодамнешните глобални зголемувања врз основа на ажурирани информации од контролната табла за индикатори за климатски промени на ММФ. Податоците се обезбедуваат со заеднички напор меѓу националните и меѓународните статистички организации да обезбедат навремени податоци за да помогнат во следењето на транзицијата кон помала употреба на јаглерод.

– Додека вкупните емисии значително се искачија над нивоата пред пандемијата, зголемувањата од транспортот и домаќинствата беа повеќе пригушени минатата година бидејќи пандемијата влијаеше на глобалната мобилност. Ова беше особено видливо со појавата на варијантата омикрон во четвртиот квартал од минатата година. Мерките на јавната здравствена политика во многу земји ги намалија емисиите на домаќинствата и во електроенергетскиот сектор – се потенцира во анализата.

Авторите истакнуваат дека ќе биде важно да се следат емисиите на двата од овие сектори, домаќинства и електроенергетскиот, бидејќи економиите целосно се отвораат, а особено загрижуваат плановите за ориентирање кон добивање енергија од фосилни горива поради историски високите цени на електричната енергија.

На меѓувладиниот панел за климатски промени беше посочено дека, во сценаријата со кои се планира ограничувањето на атмосферското затоплување на клучното ниво од околу 1,5 степени Целзиусови бара глобалните емисии на стакленички гасови да го достигнат зацртаните цели најдоцна до 2025 година.

Новите податоци од контролната табла за климата го нагласуваат она што некои научници го предупредија, времето истекува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons