Едно лице почина, едно е тешко повредено во сообраќајна незгода на патот Охрид – Кичево 

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна незгода која се случила вчера на патот Охрид Кичево. 

Охриѓанката М.С. на седумдесет и две години го загуби животот откако возилото со кое патувала излеталот од патот во близина на селото Горенци. 

Иако медицинските екипи се обидели да им помогнат на повредените, за жал на пат кон скопските клиники М.С. починала. 

– На 11.03.2023 во 15,15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот. 

По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт. 

По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција – соопштија од СВР Охрид, од каде додаваат и дека извршиле увид на местото на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons