Еве која е нејзината симболика – Зошто невестите носат бели венчаници?

Правилото кое постои со векови налага дека невестите мора да носат бел фустан на нивната свадба. Иако, сите го следат ова правило, вистината е дека многумина не ни знаат зошто на свадба се носат само бели венчаници.

Имено, пред да почнат да се носат бели фустани на свадбите, невестите носеле фустани кои веќе ги имале, но кои ги носеле само за време на празници. Тогаш постоело верување дека венчаницата треба да биде фустан што може да се носи и во други прилики, па затоа избирале вообичаени бои, кои не се валкаат така лесно.

Сепак, фустаните се разликувале според социјалниот статус на семејството. Бидејќи во тоа време браковите се склопувале од интерес, особено меѓу повисоките класи на општеството, фустанот бил наменет да го претстави семејството на најдобар можен начин.

Специјални додатоци, кои правеле невестите да се истакнат во споредба со другите се велот или венецот на главата. Венецот имал ритуална функција – ја штител невестата од зли сили и симболично ја изразувал желбата за плодност, додека велот имал улога да го штити лицето на невестата од други мажи.

Првата снимена венчавка во бел фустан била венчавката на Филипа од Англија во 1406 година, по што следела Марија од Шкотска, чија омилена боја била белата. Сепак, тој тренд не продолжил, невестите продолжиле да носат фустани во сите бои, додека црната била особено популарна во Скандинавија.

Белиот венчален фустан се здобил со популарност во 1840 година кога британската кралица Викторија и принцот Алберт се венчале. Кралицата носела прекрасен бел фустан од тантела, а деталите од венчавката набрзо се прошириле низ извештаите во весниците, влијаејќи на многу невести да продолжат да носат бело на нивните свадби.

Во текот на следните децении, стиловите се менувале, но обичајот невестата да носи бел венчален фустан бил зачуван. Подоцна, се прошири верувањето дека белата венчаница симболизира невиност, а тоа верување опстана до ден денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons