ДСЗИ врши инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола

Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, од Министерство за здравство информираа дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.

– Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче, соопштија од МЗ.

Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.

Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини, велат од МЗ.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons