Државната матура нема да се полага во училници 

Нов начин на полагање на државната матура, поради искуствата од минатата година, кога контролата на учениците во затворени простории во смисла на користење на мобилни телефони и поткажувања се покажа како не ефективен, истакна државниот секретар на МОН, Билјана Казанџиска. Речиси сите училишта во државата, со исклучок на едно во Скопје на кое во моментот се работи,  се подготвени за новиот начин на полагање. Измените се состојат во тоа што учениците ќе полагаат во сали, наместо во училници како претходните години.

– Државниот испитен центар заедно со државниот матурски одбор, веќе неколку пати одржаа состаноци, на кои беше разговарано за начинот на полагање на државна матура и прилагодување на простор, каде што учениците ќе полагаат матура. До сега немаме никакви проблеми, сите училишта имаат фискултурни сали, холови, каде што учениците ќе полагаат матура. Имаме само проблем во Скопје, но наскоро тој проблем ќе биде решен и тие ученици ќе полагаат на отворен простор, изјави Билјана Казанџиска, државен секретар на Министерството за образование и наука.

Државната матура опфаќа задолжителен дел, изборен дел и проектна задача. Таа служи за селекција на кандидатите за запишување на високо образование. Во Штип во средните училишта има пријавено 475 ученика кои ќе полагаат државна матура, 104 завршен испит и тројца ученика кои ќе полагаат училишна матура. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons