Добиваат помалку, а плаќаат најскапо парно во Скопје 

ЕСМ Снабдување не открива како ги прави пресметките за парно во скопска Автокоманда по неколкудневните протести на жителите кои тврдат дека плаќаат 30% поскапо од сите останати во Скопје. 

Тие тврдат дека плаќаат 30% повисоки сметки од сите други населени места во Скопје кои се греат на парно. Причината е што до лани, до пропаѓањето на БЕГ тие се снабдуваа со познатото Железарско парно, и топлинска енергија добиваа 24 часа дневно. По пропаѓањето на БЕГ, дојде до промена на снабдувачите со парно во Скопје. Автокоманда од компанијата „Енергетика“ беше префрлена на нов снабдувач – „ЕСМ Снабдување“, пишува Сител.

Оваа компанија сега им доставува парно како и во сите други делови од Скопје. Од 6 часот наутро до 22 часот навечер. Но, според жителите, тие добиле корекција на услугата, но сметките им останале исти. Дел од нив тврдат и дека воопшто не потпишале договор за промена на операторот.

Беше најавена средба меѓу жителите и претставници на компанијата, но граѓаните извисија бидејќи од ЕСМ Снабдување не се појави никој, а според неофицијални информации, средбата била презакажана за во вторник кога ЕСМ и жителите на Автокоманда ќе седнат на маса за да најдат решение.

Жителите на Автокоманда уште на почетокот на годинава протестираа поради проблеми со дистрибуцијата на парно. Проблемите не се решија за време на летото, па сега среде грејна сезона ќе се бара решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons