МакедонијаНајново

Директор на фирма за технички преглед на возила присвоил 110.000 евра од регистрација наместо да ги уплати во државниот буџет

До Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против директорот И.С. (47) од Скопје и против правно лице од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело” за присвоен износ од наплатени 110.000 евра од регистрација, наместо да ги уплатат како надоместоци за државата.

И.С. во својство на овластено лице на пријавеното правно лице, кое имало овластувања за вршење на технички преглед на возила во периодот од 01.01.2021 до 20.01.2026 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист во износ од 6.803.900 денари, изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавно претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините.

„Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци, понатаму го прикривале потеклото на парите со префрлање од една на друга сметка на правните лица и мешање на истите со приходите од редовното работење по различни основи (позајмици, договори за заедничка изградба на недвижен имот, договори за купопродажба на недвижен имот и возила, преноси на средства), а со цел купување на недвижен и подвижен имот со дел од криминално стекнатите парични средства во корист на пријавеното правно лице“, објави полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons