ДЗС: РАСТ ОД 10 ОТСТО КАЈ ПОЧИНАТИ ЛИЦА МИНАТАТА ГОДИНА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА 

Во текот на минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 10,7 отсто во однос на претходната година и изнесува 28.516 умрени лица. 

– Поголем број се од машки пол, и тоа 15.155 или 53,1 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0,3 отсто на 100 умрени лица – се наведува во извештајот на ДЗС. 

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец април (3.212). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,6 години, односно 75,2 години кај лицата од женски пол, или за 3,6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените. 

– Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 35,9 отсто случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 20,6 проценти, неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 13,8 отсто, со 5,8 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), со 4,2 отсто се застапени умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), а потоа следат другите умрени лица, но со помала застапеност – се објаснува во соопштението на ДЗС.

Од податоците кои ги објавува Државниот завод за статистика, се забележува оти последниве две години има зголемен број на умрени лица во споредба со годините пред пандемијата. 

Извор: Државен завод за статистика

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons