Актуелно

Детектор: Над половина од граѓаните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука

Мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното.

Кај етничките Албанци речи си и да нема дилема. 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% лоша.
Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ.

Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така.

Споредбата со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.

И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови. Додека кај Македонците тенко мнозинство смета дека со членството во НАТО не се зголемила безбедноста во државата, огромно мнозинство од 80,5% етнички Албанци сметаат дека со членството во НАТО Македонија е побезбедна држава.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons