ПРОНАЈДЕНО ВОЗИЛО ВО ЛЕПЕНЕЦ: Во тек е извлекување, подоцна ќе се знае дали е БМВ-то кое падна во реката

Во тек е извлекување на возило од водите на реката Лепенец и тоа во близина на несреќата која се случи вчера велат извори од истрагата за Фактор.

-Во тек е извлекувањето во кое учествуваат припадници на специјалната единица „Тигри“. Не можеме да потврдиме дали станува збор за возилото марка БМВ кое вчера падна во реката по сообраќајната несреќа, велат изворите од истрагата и додаваат дека со официјална изјава ќе излезе МВР кога ќе заврши овој процес.

Инаку вчера на Блаце се случи тешка сообраќајна несреќа, при што возилото БМВ падна во реката, а набрзо потоа беше извлечен само 21-годишниот Ш.П, државјанин на Косово.

Во истиот автомобил имало уште тројца патници, а како што во текот на денот брифираа извори за Фактор станува збор за цело семејство по кое уште се трага.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons