Денес 169 Бугари ќе може да гласаат во Македонија, за прв пат и во Тетово 


169 Бугари во Македонија денеска ќе може да учествуваат со својот глас на бугарските парламентарни избори, откако претходно во толкав број поднесоа апликации со кои сакаат да гласаат. 

Една од седумте секции што утре ќе ги отвори вратите во Македонија се наоѓа во бугарската амбасада во Скопје. 

Спореднбугарските медиуми, околу 20.000 граѓани во Македонија имаат бугарски пасоши, но се плашат да гласаат поради наводен страв од тортура.

Негативно на малиот интерес, како што пишуваат, влијаело отписот на бугарските клубови од регистарот и претепувањето на Христијан Пендиков.

Интересно е тоа што за прв пат се отвора и гласачко место во Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons