Денеска ќе биде отворена „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје 

Во центарот на Скопје, на ул. „Никола Кљусев“, денеска ќе биде отворена „Алеја на Украина“.

Амбасадата на Украина во Скопје соопшти дека ќе биде отворена и изложба која ќе го покаже уништеното културно наследство на Украина.

Алејата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons