Денеска сончево со температури до 36 степени, од утре дожд и грмежи
Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и високи дневни температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе биде засилен долж Повардарието и во источните делови на земјата.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 36 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 35 степени во текот на денот.
Според прогнозата на УХМР, и во наредните денови ќе се задржи сончево и топло време. Сепак, од среда попладне се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.



