ДВОЦИФРЕНА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ВО АПРИЛ – животот станува се поскап 

Потврда за растот на трошоците за живот пристигнува од Државниот завод за статистика, каде пресметале дека за една година индексот на трошоците на живот пораснале над 10 отсто. Како што пишува ДЗС во последното соопштение трошоците на живот во април оваа година во споредба со истиот месец минатата година имаат раст од 10,5 отсто, додека пак цените на мало пораснале за 11,1 процент. 

Податоците покажуваат дека во споредба со претходниот месец, трошоците на живот се зголемиле за 2,2 проценти, додека цените на мало за два отсто. 

Притоа на месечно ниво, најголем раст на трошоците е регистриран кај маслото и маснотите и тоа од 20,2 проценти и кај свежиот зеленчук и компирите и други коренести плодови за 12,9 отсто. 

–  Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со претходниот месец има и кај свежото и разладеното овошје за 4,4 отсто, сирењето и урдата за 3,7 проценти, месото за 3,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,3 проценти, пивото за 1,9 отсто, рибата и морските плодови за 1,7 проценти, кафето, чајот, какаото за 1,6 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,3 проценти… – стои во соопштението на ДЗС.   

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons