Две мајки пријавиле дека им исчезнале ќерките

Две девојки, на возраст од 14 и 23 години, во изминатото деноноќие биле пријавени како исчезнати, а случаите во полиција ги пријавиле нивните мајки.

Вчеравечер во 23:30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од с.Драчевица, скопско, пријавила дека исчезнала нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми, а и претходно бегала од дома.

Нешто порано, во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) од с.Церово, тетовско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.Б.(23).

Полицијата соопшти дека трага по девојките.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons